Италијанската тенисерка Јасмин Паолини се пласира и во финалето во конкуренција на двојки на Ролан Гарос, откако заедно со Сара Ерани беа подобри од Марта Костјук и Елена Габриела Русе со 2-1 во сетови.
Паолини и Ерани одиграа одличен меч и обезбедија пласман во финалето, каде што допрва треба да ги дознаат противничките, односно по полуфиналниот дуел меѓу Долехед/Кравчик и Гоф/Сињакова.
Италијанката претходно обезбеди финале и во сингл-конкуренција, откако славеше против Мира Андреева, па така Паолини ќе се бори за два пехари во Париз.