Неуспешната сезона за германскиот гигант Баерн Минхен, најлоша во последните 15 години многу веројатно ќе однесе многу „жртви“ во клубот.
Германските медиуми тврдат дека на трансфер листа се ставени некои од најдобрите играчи во тимот и носители на играта последните години. Станува збор за: Јошуа Кимих, Леон Горецка, Матијс де Лихт, Кингсли Коман, Серж Гнабри и Нусаир Мазрауи, фудбалери кои беа стандардни првотимци последните години.
Ако успее да ги продаде за цената која ја бара, Баерн ќе се насочи на трансферот на фудбалерот на Фулам, Паљиња чија вредност се проценува меѓу 40 и 45 милиони евра.