Екипата на Кристал Палас му одржа лекција на Манчестер Јунајтед победувајќи го со 4-0. Тимот на Ерик Тен Хаг одамна не изгледа како состав што може да конкурира за врвот, и делуваше загубено на овој дуел.
Мајкл Олисе во 12.минута донесе водство, а Матета во 40. минута зголеми на 2-0.
Тајрик Мичел во 58.минута најави дебакл за Манчестер Јунајтед, а го заокружи Мајкл Олисе со својот втор гол.
Според тоа како се одвиваше натпреварот Манчестер јунајтед може да биде среќен што прими само четири голови, Кристал Палас постојано напаѓаше и создаде многу шанси од кои реализираше само четири.
Манчестер јунајтед сега е на осмата позиција на табелата со негативна гол разлика од -3 голови.