Белоруската тенисерка Арина Сабаленка сепак ќе настапи на Мастерсот во Мајами по само 72 часа од смртта на нејзиниот партнер Константин Колцов. А судбината сакаше нејзината ривалка да биде најдобрата пријателка – Паула Бадоса.
Шпанката во првото коло славеше против повратничката Симона Халеп, а сега ја чека дуел кој ќе изобилува со емотивен набој.
„Не сакам да зборувам за тоа, но секако таа ми е одлична пријателка. Вчера разговаравме многу, а истото е и утрово. Многу добро знам низ што поминува, ја знам целата ситуација и знам што се случува“, изјави Бадоса.
Двете тенисерки многу се дружат надвор од теренот, заедно играа и во двојки, а ќе биде интересно да се види како ќе изгледа нивниот дуел во Мајами веднаш по трагедијата што ја доживеа Сабаленка.
Иако ќе учествува на турнирот, Сабаленка нема да одржува прес-конференции за да избегне срамни прашања.