Денеска на социјалните мрежи беше објавена престижна листа на најпрофитабилни светски спортисти, на која најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ неочекувано не е меѓу десетте најдобри.
Изненадување е што Ѓоковиќ е дури на 11. место, додека лидер на оваа листа е најголемата кошаркарска ѕвезда во НБА, Леброн Џејмс. Зад него е Лионел Меси, а потоа потоа следуваат американската фудбалерка, Алекс Морган, Јанис Адетокумпо и Меган Рапино, исто така фудбалерка од САД. Пред српскиот тенисер уште се и скијачката Микаела Шифрин, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, гимнастичарката Симон Бејлс, фудбалерот Килијан Мбапе и Ф1-шампионот, Макс Верстапен.
Интересно е што Кристијано Роналдо не е ни во топ 20, туку сега е на дури 27. позиција на најпрофитабилни спортисти на планетата.