Тоа ќе биде пресметка на осумте најдобри селекции, кои помеѓу себе во шпанска Малага ќе решат кој ќе го освои драгоцениот трофеј.
„Возбуден сум што ќе бидам дел од српската репрезентација на финалето на Дејвис купот. Ќе се бориме за најпрестижниот репрезентативен трофеј во нашиот спорт. Секогаш е голема чест и задоволство да се игра за Србија. Ја освоивме титулата во 2010 година и тоа е всушност еден од најубавите спомени во мојата кариера. Со нетрпение очекувам повторно да се борам за трофејот со моите соиграчи. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе можам да и ги донесам сите победи на мојата земја “, изјави Ѓоковиќ.
Новак во моментов интензивно се подготвува за пресметката на осумте најдобри тенисери во 2023 година, која ќе почне на 13 ноември и ќе се игра во Торино.