Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа триумфираше во воведниот дуел на турнирот во чешкиот град Рикани во пресметката со Анџелина Вирџес (Германија) со 6-4, 6-2.
Македонката е четврти фаворит за триумф на овој фјучерс, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари. Лина немаше поголеми проблеми со Германката и пресметката ја доби за 80 минути игра.
Нејзина следна противничка ќе биде Романката Габриела Ли (27 години, 384 место ВТА), која лани во август го имала својот најдобар пласман и била 136. тенисерка на светот. Таа во претходните две кола ги победи Алина Чараева од Русија со 2-1 во сетови и Николина Бартункова од Чешка со 2-0 во сетови.