Александар Зверев со победа го започна завршниот Мастерс во Торино. Германскиот тенисер за противник го имаше осмиот светски играч русинот Андреј Рубљев, и по 72 минути игра го победи во два сета 6-4, 6-4.
На тој начин Зверев ја извојува седмата победа во јубилејната, десетта пресметка со Рубљов.
Во првиот сет одлучувачки гем беше седмиот, кога Германецот ја искористи првата брејк топка, додека во вториот сет Рубљев на свој сервис потфрли во деветтиот гем.
Во првиот натпревар од оваа група во Торино, Каспер Руд приреди изненадување и славеше победа над третиот носител Карлос Алкараз.