Најдобриот тенисер во светот го победи рускиот тенисер Андреј Рубљев со 2:0 (6:3,6:2) во мечот од второто коло од групната фаза на финалето на АТП во Торино, со што обезбеди пласман во полуфиналето. како прв во својата група.

Негов противник во последното коло ќе биде Британецот Камерон Нори, моментално 12. играч во светот, кој влезе како замена за Гркот Стефанос Циципас. Грчкиот тенисер се откажа поради повреда на лактот.

Во вторникот Италијанецот Матео Беретини се откажа од натамошниот настап, па првата замена, неговиот сонародник Јаник Синер, го зазеде местото во Црвената група и веднаш го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со убедливи 6:2, 6:2.