Македонскиот репрезентативец Енис Барди се најде во идеалниот тим во овие мундијалски квалификации според специјализираниот сајт „WhoScored“, во кои Македонија обезбеди првпат во својата историја бараж за пласман на Светското првенство во Катар догодина.
Ова е големо признание за Барди кој одигра два извонредни мечеви месецов, посебно во Ерменија, каде постигна и хет-трик, во мечот кој вечно ќе го памети бидејќи постигна хет-трик, но и зашто дебитираше како капитен на црвено-жолтите.
Беше и асистент за првиот гол на Горан Пандев во епската победа во Германија, ама немаше среќа поради повреда да ги одигра сите квалификациски мечеви.
За Енис Барди напишале:
“Клучниот играч за Македонија да го освои второто место во групата Ј, Енис Барди му се придружува на Тадиќ во централниот среден ред во овие идеални 11. Извонредните игри на играчот од средниот ред на Леванте особено дојдоа до израз при победата од 5-0 против Ерменија, каде што постигна хет-трик, додека ги заврши квалификациите со две асистенции во просек по натпревар.