Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, на крајот на мај изјави дека по историскиот пласман во Серија А сака да ја освои титулата шампион на Италија и Лигата на шампионите. Монца од следната сезона ќе игра во елитата на италијанскиот фудбал, а Берлускони и неговиот верен соработник Адријано Галијани напорно се подготвуваат за тоа.
Џанлука Ди Марцио пишува дека Берлускони и Галијани решиле да формираат пеколен аргентински напаѓачки тандем составен од Мауро Икарди – Пауло Дибала. Икарди (29) моментално е во ПСЖ, но таму не сметаат на него. Берлускони наводно стапил во контакт со сопругата и менаџерката на Икарди, Ванда Нара. Во Монца веруваат дека имаат што да го намамат за да го доведат поранешниот капитен на Интер.
Ди Марцио затоа пишува дека Дибала е сон за Монца, но дека се уште постои можност скапата аргентинска ѕвезда да премине во новиот италијански прволигаш. Монца мора да ја зајакне и одбраната. Ди Марцио тврди дека клубот ќе тргне по турскиот дефанзивец Каан Ајхан од Сасуоло и Оскар Мингеза од Барселона.
Клубот наскоро ќе го потврди доаѓањето на играчот од средниот ред на Интер Стефано Сенси, а претходно потпишаа и голманот Алесио Крањо и стоперите Андреа Карбони и Андреа Ранокија.