Каталонскиот гигант Барселона ќе го откупи 21-годишниот Сенегалец Мамаду Мбаке, кој е во сопственост на ФК Лос Анџелес, информира каталонскиот „Спорт“. Тој е централен дефанзивец и минатата сезона играше за вториот тим на Барселона како позајмен играч од американскиот клуб.
Двата тима веќе постигнаа договор, според кој Мбаке ќе стане сопственост на Барса за 2 милиони евра. Во неговиот договор за позајмување постоеше клаузула за постојано ангажирање за 4 милиони евра, но Шпанците успеаја да ја намалат цената на половина.
Во мај, Мбаке имаше операција на коленото и нема да игра барем до крајот на септември, но на „Камп Ноу“ беа многу заинтересирани за него.