Рене Игита важи за најлудиот голман во историјата на фудбалот, па оттаму и неговиот прекар „Ел Локо“ кој во буквален превод значи „луд“.
Игита го обиколи цел свет во 1995-та година кога режираше „скорпион“ одбрана на „Вембли“ против Англија, потег кој сега реши да го повтори и во шестата деценија од животот.
Колумбиецот гостуваше на специјалниот викенд во Малага кој го организираше „Марка“, па во чест на насобраните фудбалски фанови, реши да ја повтори незаборавната фудбалска лудост на свои 55 години.
– Имам 55 години, но кај сите нас се уште постои детето внатре. „Скорпионот“ беше производ на предизвик кој ми го поставија едни деца и сега ќе го повторам тоа за вас, – порача Игита.