Голеадата започна во седмата минута кога Рутер донесе предност за Брајтон, но Челзи благодарение на одличнот Кол Палмер во 21. минута го израмни резултатот. Три минути подоцна Џејдон Санчо ја затресе мрежата, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција.
https://twitter.com/i/status/1840036627218870554
https://twitter.com/i/status/1840037012759347640
До пресврт Челзи стигна во 27. минута кога Палмер го постигна својот втор гол. Веќе во 31. минута „сините“ имаа и 3-1 и одново стрелец беше Палмер и тоа беше маестрален гол од слободен удар. Брајтон во 34. минута намали на 3-2.
Палмер продолжи во ист стил, па постигна и четврти гол со што стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола за едно полувреме.
https://twitter.com/i/status/1840039439801721144