Фудбалерите ги пропуштаат репрезентативните собири низ историјата од различни причини.
Некогаш повредите се проблем, одлуки на клубовите да не ги пуштат во репрезентацијата, но тешко е да се најде случај кога некој не патувал со репрезентацијата бидејќи немал – сигнал на неговиот мобилен телефон.
Токму тоа се случи со малезискиот фудбалер Мохд Шахрул Низам Рос Хасни кој на тој начин го пропушти дебитантскиот настап за својата репрезентација. Поради голем број повреди на тренерот Датук Мохд, Јусоф Махади му беше потребен за оваа репрезентативна акција, но тој не можеше да го добие Шахрул на својот мобилен телефон. Го чекаше и чекаше, но Шахрул не одговори и репрезентацијата на Малезија отпатува за Јордан каде ќе одигра пријателски натпревар.
Дека тренерот очајно го барал, Шахрул дозна дури подоцна. Имено играчот на Паханг ловел риба и немал сигнал на море, па тренерот не можел да го добие. Кога пловел за дома дознал дека треба да игра за националниот тим, но тимот веќе заминал и тој не успеал да му се придружи.
“Доживеав се како тренер, но никогаш ова. Тренерот на неговиот клуб ми рече дека е на море, а потоа ми рече дека е непријатно изненаден кога се вратил од риболов. Се надевам дека тоа нема да се повтори”, рекол тренерот ..