Садио Мане уште во официјалното деби го постигна првенецот во дресот на Баерн Минхен. Сенегалецот постигна гол за 2-0 на германскиот првак против Лајпциг. Баварците се на пат да го одбранат трофејот во германскиот Суперкуп.
Младиот Мусијала претходно во 14-тата минута одлично се снајде во мешаницата пред голот на Црвените бикови, па го совлада Гулашчи со првиот шут на Баварците кон противничкиот гол.