Третолигашот Елверсберг го шокира фаворизираниот Баер Леверкузен со 4-3 и ги елиминира фармацевтите уште во првото коло од Купот на Германија.
Во голеадата од седум погодоци, дури пет паднаа во првите 45 минути во кои домаќините приредија шоу. Веќе во втората минута Елверсберг поведе преку Рохелт, за Хлозек да израмни на 1-1 три минути подоцна.
Кофи го искористи пеналот за 2-1 во 17-тата минута, па Леверкузен одново анулираше негатива на половина час игра преку Арангиз, но до паузата Елверсберг повторно дојде до предност, голот го постигна Шнелбахер.
Со два гола предност по голот на Конрад, третолигашот влезе во последните 15-тина минути од натпреварот и не му дозволи на Леверкузен да ја врати неизвесноста на мечот. Шик намали на 4-3 во 89-тата минута, но веќе беше доцна за гостите целосно да се вратат во средбата.
Непланираната елиминација не е добар знак за бундеслигашот на почетокот од новата сезона.