Екипата на Рома со 2-1 го победи Удинезе на негов терен во дуелот кој започна на 14. април, а заврши денеска кога се играа последните 18 минути од натпреварот.
Тогаш натпреварот беше прекинат во 72. минута откако дефанзивецот на Рома, Ндика колабираше на теренот. Денеска се одиграа преостанатите 18 минути.
Денешниот остаток од мечот почна со резултат 1-1, се чинеше дека така и ќе заврши, но по еден корнер во 95. минута, Кристанте успеа да погоди со глава за победа на Рома од 2-1.
Ова беше и деби на Фабио Канаваро на клупата на Удинезе, необично деби за легендата на италијанскиот фудбал.