Во Узбекистан се одржува континентално првенство на Азија и Океанија во хокеј на мраз за помлади од 18 години. На турнирот се одигра еден меч за кој ќе се прераскажува.
На турнирот учествуваат Монголија, ОАЕ, Макао, Малезија, Иран, Индонезија, Индија, Тајланд, Кувајт и домаќинот Узбекистан.
Мечот меѓу Тајланд и Кувајт понуди еден фасцинантен резултат. Тајланд победи со 57-0, а за ситуацијата да изгледа уште полудо, е фактот дека голманот на Кувајт имаше дури 65 одбрани.
Тоа значи дека во текот на 60 минути хокеарите на Тајланд шутирале дури 122 пати. Сите нивни играчи дадоа голови, освен двајцата резервни голмани.