Федотов го мобилизирале за руската армија во актуелната војна со Украина која од 24 февруари е под жестока агресија. Федотов вчера го мобилизирала руската воена полиција во Санкт Петербург, а според опозициски медиуми сето ова е направено зашто Русинот потпишал договор со екипа од најголемиот непријател САД.
Русинот, кој е еден од најдобрите светски голмани сега ќе мора да оди на фронт или во затвор ако одбие да облече униформа.
„Иван е уапсен зашто одбил воени обврски“, објавил новинарот Дмитри Новоша.