Главната борба за титулата на UFC 276 во Лас Вегас заврши со победа на бранителот на титулата. Со едногласна одлука на судиите, Александар Волкановски го победи Макс Холовеј.
Волкановски се покажа како најголем шампион победувајќи го Холовеј трет меч по ред. Холовеј три години беше владетел на перо категоријата додека Волкановски не го победи со едногласна одлука на судиите, а потоа ја одбрани со контроверзна поделена одлука.
По две победи, Холовеј доби уште една шанса да го врати појасот, но Македонецот со Австралиски пасош го задржа перфектниот рекорд во УФЦ (12-0) и ја постигна 25-та победа во професионалната кариера со само еден одамна пораз од почетокот.
На прашање на новинарката на ЕСПН дали се борел со пукнатина на раката, Александар одговори дека најверојатно ја скршил уште во втората рунда.