Во Норвешка Викерсунд заврши натпреварувањето во индивудуална конкуренција на Светското првенство во ски скокови. По четири серии на скокови, титулата светски првак ја понесе норвешкиот скокач Мариус Линдвик, среброто му припадна на Словенецот Тими Зајц, а бронзата на светскиот рекордер Стефан Крафт од Австрија.
Приказната на денот е нереалниот лет на Словенецот Зајц, кој буквално го прелета Викерсунд во спектакуларен лет во третата серија.
Зајц слета на 243,5 метри, а големината на пистата во Викерсунд е 240 метри. По овој прекрасен лет, во публиката владееше ентузијазам, а ниту коментаторите не можеа да ја задржат радоста за овој скок кој е еден од најдолгите во последните неколку сезони во светот на скијачките летови.
Треба да се каже дека Зајц немаше голема помош од ветрот, а ско имаше ќе леташе неколку метри подолго.
Инаку, светскиот рекорд го држи Стефан Крафт, кој пред пет години на истата писта прелета неверојатни 253,5 метри.