Наполи успеа да оствари победа од 1-2 на гости кај Верона и со 60 бода се искачи на второто место на табелата во Серија А, со три бода заостанување зад Милан.
Виктор Осимен беше двоен стрелец за „наполитанците“, а погодокот за Верона беше дело на Давиде Фараони во 77.минута.
Во финишот Верона играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кечерини.