Челси успеа во последните минути од дуелот против Њукасл да го скрши отпорот на гостите и да слави со 1-0. Каи Хаверц постигна гол за победа во 89.минута од мечот.

Вулверхемптон славеше на гости против Евертон со 0-1, а стрелец на победничкиот гол беше Конор Коди.
Вотфорд на гости стигна до успех (1-2) против Саутемптон, со головите на Кучо. Единствениот погодок за Саутемптон го постигна Елјонуси.

Лидс го совлада Норич со 2-1, а со идентичен резултат славеше и Вест Хем против Астон Вила.