Шпанскиот новинар, Хосе Педрерол, објави ексклузивна информација дека Килијан Мбапе (23) пристигнува во Реал Мадрид.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на последниот ден од јуни оваа година, а од 1 јануари 2022 година Французинот се стекна со право да преговара со сите заинтересирани клубови.

Реал Мадрид го искористи тоа и, според шпански El Chiringuitо, ја заврши работата на лице место.

Реал Мадрид долго време го сака Мбапе. Тој минатото лето му понуди на ПСЖ 200 милиони евра, но Французите одбија. Сега парижаните се најдоа во ситуација да нема да заработат ништо од Мбапе.

Мбапе игра за парижаните од 2017 година. ПСЖ тоа лето на Монако му плати 35 милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа го купи следната сезона за 145 милиони евра.

Во осминафиналето на Лигата на шампионите се среќаваат Реал Мадрид и ПСЖ.