Тоа требаше да биде презентација на Феран Торес, првата голема ѕвезда откако Барселона објави дека е на работ на банкрот и должи милијарда евра. Од летото навака носеше само играчи на кои им истекуваа договорите, па се достапни без обештетување или оние кои би можеле да ги позајмат.

Дополнително, Барселона се уште не може да регистрира играч кој на Сити ќе му плати најмалку 55 милиони евра. Затоа што за него нема место на платниот список, ниту може да ги исполни правилата на финансискиот фер-плеј, дури и откако се ослободи од најплатените играчи како Меси и Гризман, а значително им ги намали платите на другите. Сега може само да го регистрира Дани Алвеш, иако пред два месеци го врати како слободен играч.

Наместо да зборува за ова, шоуто го украде Ерлинг Халанд. Поточно, одговорите на претседателот на Барселона Жоан Лапорте на новинарските прашања дали ќе го донесе најдобриот светски напаѓач. „Работиме на обнова на тим од врвни играчи. Се е можно ако работиме добро, и сигурен сум дека ќе го направиме токму тоа. Врвните играчи сакаат повторно да дојдат во Барселона. Дефинитивно го враќаме статусот што го имавме“.

По овој одговор, новинарите инсистираа дали тоа значи дека доаѓа Халанд, а Лапорта беше уште подиректен: „Нека се подготви целиот свет бидејќи повторно сме меѓу најголемите играчи на пазарот. Да, Барса се врати!

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1477947025454948352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1477947025454948352%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fbarcelona-predstavila-igraca-kojeg-ne-moze-registrirati-sou-ukrao-haland%2F2329846.aspx

Секако, по ова Феран не беше толку интересен.

„Сега го ослободивме местото за да го пријавиме Алвеш, тоа ќе го направиме денес или утре. „Направивме исклучок со Феран, тој потпиша за нас пред да ја решиме ситуацијата со финансискиот фер-плеј.