Нема сензации и изненадувања во осминафинале на Копа дел Реј, откако сите фаворити се пласираа во четвртфинале. Атлетико Мадрид со 2-0 го победи Леванте на гостувањето.
После вчерашните минимални победи на Севилја и Реал Сосиедад кои со 1-0 славеа во своите мечеви, уште три екипи, Атлетико Билбао, Валенсија и Атлетико Мадрид обезбедија пласман во следно коло. Денес се играат последните два натпревари од оваа рунда, а Барселона од 20 часот гостува кај Сеута, додека од 21 часот е дербито на рундата Вилјареал – Реал Мадрид.
Алваро Мората ја најави победата за мадридските црвено-бели со голот во 54-та минута на асистенција на Маркос Љоренте, а асистентот во 91-та минута ја завери победата после додавање од Нахуел Молина. Атлетик во Билбао против Еспањол славеше со 1-0, откако Оскар Де Маркос даде гол во 27-та минута.
Најубедлива беше Валенсија која со 4-0 го здроби Спортинг Хихон, со два гола на Единсон Кавани , Џастин Клајверт и на Самуел Дијас Лино во вториот дел.
Голот на Мората може да го погледнете ТУКА, а тој на Љоренте – ТУКА.