Вистински хаос и големи нереди имаше во Тирана, во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Рома и Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА. Повеќе од 60 лица се уапсени, а најмалку 12 полицајци завршиле во болница поради повреди.Двајца полицајци се со тешки повреди, исто како и еден локален граѓанин.

Низ улиците на Тирана се случиле неколку тепачки меѓу навивачите на Рома и на Феенорд, но и со полициските сили.