Напаѓачот на Тотенхем, Кореецот Хјонг – Мин Сон, имаше фантастичен пречек во Јужна Кореја, откако ја донесе „Златната копачка“ од Премиерлигата. Тој ја подели оваа награда за најдобар стрелец во англискиот шампионат со Мохамед Салах. Двајцата постигнаа по 23 гола.
Сон со Тотенхем успеа во финишот од сезоната да обезбеди пласман и во Лигата на шампионите и може да се каже дека мошне успешно го заокружи првенството во Премиер – лигата.