Лацио дојде до триумф во градската пресметка против Рома со 1-0 во 180. „Дерби дела капитале“. Тимот на Маурицио Сари со оваа победа се искачи на втората позиција на табелата во Серија А со 52 бода, два повеќе од Интер кој вечерва загуби од Јувентус.
Рома остана со фудбалер помалку од 32.минута, кога поради два жолти картони беше исклучен Роџер Ибањез.
Лацио притискаше со фудбалер повеќе и успеа да дојде до предност со голот на Матија Закањи во 65.минута од дуелот.