Натпревар меѓу женските репрезентации на Јордан и Иран, кој се одигра пред месец и половина, деновиве е во центарот на вниманието на јавноста поради барањето да се провери полот на голманката на иранската репрезентација Зорех Кудаеи. Токму ова го побара Азискиот фудбалски сојуз (АФЦ) од Фудбалскиот сојуз на Иран.
Од Јордан реагираа по натпреварот кој го загубија со 2:4 по изведувањето пенали и побара истрага. Голманката Зорех Кудаеи сега проговори за се, тврдејќи дека единствен грев и е што не е убава.
„Јас сум жена. Ова е апсолутно малтретирање од Јордан“, изјави таа за турски Хуриет и најави тужба.
Зохре е родена во 1989 година и долго време бранеше за репрезентацијата на Иран. Тренерот на тимот Мерјам Ирандост тврди дека „медицинскиот персонал внимателно ги прегледал сите репрезентативки“ и им порачал на навивачите дека немаат причина за грижа.