Младиот шпански репрезентативец Рафа Мир беше човек на одлука по 22 минути од мечот откако погоди во мрежата на асистенција на Лукас Окампос, па андалузискиот тим дојде до нови три бода за да го продолжи притисокот врз лидерот, кој вчера со 4-1 ја прегази Валенсија.
Севилја со новата победа сега уште повеќе се зацврсти на второто место и веќе има двоцифрена предност од третиот Бетис, а дури 12 бода е од клубовите кои не се во зоната за ЛШ, Атлетико Мадрид и Барселона.
Хетафе со десетиот сезонски пораз остана на 18 бодови, втор над опасната зона, два бода пред Елче и Алавес.