Откако во четвртокот го пропушти натпреварот од конференциската лига, Хари Кејн денеска би можел да игра против Вулверхемптон.
Англиските медиуми утринава јавуваат дека напаѓачот е на списокот фудбалери кои ќе настапи денеска на мечот кој Тотенхем го игра во рамките од второто коло во Премиер лигата на гостувањето кај тимот на Вулверхемптон.
Англискиот капитен побара трансфер од Тотенхем, и сака да замине во Манчестер Сити, но претседателот Даниел Леви тоа не го дозволува. Кејн има уште три години од договорот.