Вчерашниот подготвителен натпревар против Словачка беше последен тест пред настапот на 32 Европско првенство кое ќе се одржува во 4 држави Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Македонските одбојкари ќе играат во Финска во групата Ц, а наши противници ќе бидат Русија, Турција, Холандија, Шпанија и домаќинот Финска. Токму против Финците ќе стартуваме на 01.09 во 18:00 часот.
Понатака црвено-жолтите силите ќе ги одмерат со Холандија на 03.09, со Турција на 05.09, со Шпанија на 06.09 а групната фаза ја заокружуваме со мечот во кој за противник ќе ни биде селекцијата на Русија.
Понатака во осминафиналето се пласираат најдобрите 4 од секоја група.
На последното Европско првенство во Словенија македонските одбојкари за влакно не се пласираа во осминафинале откако Турција изненадувачки беше поразена од Финска на последниот натпревар од групата и завршивме на петтото место.