Македонските одбојкари ќе играат во полуфиналето на Европската сребрена лига откако го освоија второто место во Групата Б од групната фаза во натпреварувањето на Стариот континент.
Македонија ќе игра во полуфиналето благодарение на денешната убедлива победа на Романија од 3-0 (25-18, 25-19, 25-22) против Албанија која беше неопходна македонската селекција да заврши на втората позиција на табелата.
На чело на табелата е Романија со 13 бода, пред Македонија со 10 бода. Исто толкав број бодови на третата позиција има и Албанија, која во два наврати славеше против македонската селекција, но поради полошата сет-разлика не обезбеди пласман во полуфиналето. На четвртото место на табелата заврши селекцијата на БиХ со само два бода.
Македонија и Романија во полуфиналето ќе се соочат со репрезентациите на Финска и Унгарија.