Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Гибралтар со 4-0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во четвртото коло од Лигата на нации. За само половина час македонските фудбалери постигна четири гола и потоа „кренаа рачна“. На овој натпревар дебитираа и неколку нови имиња, Валон Етеми, Бојан Димоски, Енис Фазлагиќ и Томче Гроздановски.
Енис Барди го отвори резултатот во четвртата минута од слободен удар, а десет минути подоцна асистираше за погодокот на Бојан Миовски со удар со глава.
Напаѓачот беше стрелец и на третиот гол, додека четвртата реализација ја имаше Дарко Чурлинов во 31.минута од мечот во акција во три потези во кој учествуваа Барди, Тоодоровски и Чурлинов.
Дирекот во финишот го погоди Валон Етеми, а гредата го спречи Бојан Миовски да постигне хет – трик во првото полувреме.
Во Тбилиси, Грузија и Бугарија ремизираа без голови. Ова, сепак, остава мал простор за надеж дека Македонија може да стигне до првото место во групата, но ако ја совлада Грузија на гости со голема разлика.