Антонио Рудигер дефинитивно го напушта Челзи на крајот на сезоната. Тоа го потврди и Томас Тухел, а Фабрицио Романо од свои извори дознава дека е постигнат конечен договор со Реал Мадрид …
Во Челзи се надевва дека ќе го убедат Антонио Рудигер да потпише нов договор и ќе го задржат во клубот, но не успеаа во тоа. Договор не беше постигнат и Рудигер дефинитивно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната.
„Ситуацијата е таква што тој сака да го напушти клубот и тоа ми го кажа во приватен разговор. Дадовме се од себе и јас и клубот, но повеќе не можеме да се бориме. Би можеле да ја продолжиме оваа битка, но рацете ни се моментално врзани . Не го сфаќаме тоа лично, тоа е негова професионална одлука“, рече Тухел.
Во Челзи предизвикаа незадоволство кај Рудигер со првите понуди бидејќи не беа доволно добри и германскиот дефанзивец беше се поблиску до заминување. Дури и да се приближат ставовите и да се постигне некаков договор, ембаргото под кое се најде Челзи целосно ги уништи шансите.
Според добро информираниот новинар Фабрицио Романо, Рудигер веќе го решил прашањето за иднината со постигнување договор со Реал Мадрид, кој не го криеше интересот за негов ангажман.