Осумнаесетгодишниот напаѓач Рикардо Пепи постигна два гола за да ја одведе репрезентацијата на САД до победа од 2: 0 против Јамајка пред публика од 20.500 гледачи на стадионот во Остин, Тексас во првиот од трите квалификациски натпревари за Светското првенство во седум дена за време на прозорецот во октомври.
Надежниот тинејџер заврши со гол две убави акции. Првиот гол по совршениот центаршут од дефанзивецот Сергино Дест.
Пепи стана најмладиот играч што постигнал гол за селекцијата на САД во натпревари од квалификациите за СП. Со 18 години, 272 дена, тој е и вториот најмлад што постигнал повеќе голови во натпревар зад Кристијан Пулишиќ.