Бразил ја совлада Венецуела со 3: 1 на гости во 9. коло од квалификациите за СП и со тоа дојде до деветтата победа во низа.
Венецуела поведе во 11 -та минута со голот на Рамирез и го држеше водството до 71. минута, кога Рафиња центрираше од корнер, а Маркињос погоди со глава за 1: 1. Пресвртот за Бразил го донесе Габриел Барбоса на пет минути пред крајот со гол од пенал, а победата на Бразил ја потврди Антони во петтата минута од судиското продолжение.
Бразилците на тој начин ја зголемија предноста пред Аргентина на првото место, која одигра 0: 0 на гости против Парагвај. Гостите играа практично во најсилниот состав и беа многу подобар тим, но не успеаја да постигнат гол.
Уругвај и Колумбија одиграа со ист резултат, Еквадор ја победи Боливија со 3-0, а Перу победи со 2-0 против Чиле.