Вечерва во Вадуз, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе се сретне со селекцијата на Лихтенштајн, во меч од 7.коло во Ј – групата за пласман на СП во Катар 2022 година. Се знае дека ние сме фаворити, дека квалитетот е на наша страна, но сепак Лихтенштајн во последно време игра и тоа како добро.
Ние со Лихтенштајн ја имаме највисоката победа во нашата историја и тоа со 11:1, извојувана во Еншеде на 9 ноември 1996 година. Значи уште малку па ќе минат точно 25 години од тој триумф, Тој пораз на Лихтенштајн е неговиот највисок во неговата историја.
Па, не мора вечерва да биде 11:1 за Македонија, доволно е било каква победа, важни се само тие три бода.
Колку за потсетување на тие 11:1, на стрелците во Еншеде.
Дејви Главевски постигна хет-трик, Митко Стојковски беше стрелец на два гола, исто како и Саша Ќириќ, да не заборавиме и на Тони Мицевски кој исто беше двоен стрелец, а голови дадоа и Ванчо Мицевски и Ѓорѓи Христов. Секоја чест, сите тие беа некогаш играчи на Пелистер.