Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Аргентинската sвезда има голема вредност на пазарот, а неговиот автограм вреди значително повеќе од другите.

Компанијата Голдин Ауктионс го ставија на аукција првиот потпис на Меси од 1995 година. Тоа е потпис на членската картичка на Њуелс Олд Бојс.

Почетната цена на аукцијата е 10.000 долари. Сепак, веќе е надмината и понудата испратена од заинтересираниот клиент изнесува 36.000 долари.

Со оглед дека аукцијата трае до 23 октомври, се очекува оваа бројка да продолжи да расте и некој ќе мора да издвои доста пари за првиот автограм на Меси.