Тимот од северна Англија ќе стане еден од најбогатите клубови во светот.
Се чека само одобрување од Премиер лигата, а тоа е формалност. Мајк Ешли го продаде Њукасл за 300 милиони фунти. Купувачот е принцот Мохамед Бин Саламан од Саудиска Арабија.
Богатиот наследник на круната се обиде да го купи клубот пред година и пол, но тогаш Премиер лигата го попречи и ја забрани зделката. Причината беше дека саудискиот фонд, кој беше купувач на клубот, беше дел од државата Саудиска Арабија, а Премиер лигата се плашеше дека државата може да се меша во бизнисот на Њукасл. Сега се дадени гаранции дека нема да има влијание на политиката и државата во клубот.
– Премиер лигата сега официјално доби потврда од Кралството Саудиска Арабија дека нема директно да влијае на контролата на овој клуб – пишува во соопштението.
Мухамед Бин Саламан подготвува огромни инвестиции во Њукасл. Првата цел е да го доведе Антонио Конте на клупата, човекот кој минатата сезона го освои Скудетото со Интер, а потоа кога сфати дека следната сезона ќе остане без половина тим, поднесе оставка. Конте сега е без работа, а Њукасл може да биде одлична средина за трофејниот експерт.
Кога станува збор за играчите, се споменуваат пристигнувањата на Фелипе Кутињо, Герет Бејл, Вилфред Заха и Чиро Имобиле.
Се чини дека Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал добија уште еден богат ривал.