Фудбалерите на Јапонија го претрпеа вториот пораз во квалификациите за СП. Како гости загубија од Саудиска Арабија со 1: 0 и со тоа го доведоа во прашање пласманот во Катар.
Имаше многу нервоза на самиот натпревар, а тоа продолжи и попоследниот судиски свиреж. Фудбалерот на Јапонија, Јошида даваше интервју на атлетската патека, а за тоа време домашните навивачи го навредуваа.
https://twitter.com/Nawaf_STATS/status/1446202185969278977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1446202185969278977%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.maxbetsport.rs%2Fprekid-filma-japanski-fudbaler-hteo-da-se-bije-sa-navijacima-saudijske-arabije-video-313971%2FЈошида го прекина интервјуто и се приближи до трибината, дофрлајќи нешто кон фановите. Во таа прилика, тој им се закани со прстот. За среќа, тоа беше крајот, а членовите на неговата репрезентација го однесоа јапонскиот фудбалер од трибините.
– Имаше грди извици и несоодветни гестови во текот на целиот натпревар. Ова не е лесно да се прифати и ова не е првпат да се случи вакво нешто. Многу сум разочаран – истакна Јошида.