Десниот бек на ЛА Галакси, Хулијан Араухо, ќе стане нов член на Барселона. Неговиот трансфер наводно бил блокиран од Ла Лига на полноќ на 31 јануари, бидејќи документите не стигнале на време.
Барселона апелираше до ФИФА, а две недели подоцна Араухо ќе потпише договор до 2026 година.
Араухо се очекува да биде пријавен како член на Б – тимот на Барселона, но да тренира со првиот тим и постепено да добива шанса кај Чави Хернандез.