Едно од првите и главни засилувања за „сините“ ќе биде Рахим Стерлинг. Новиот газда Тед Боели во моментов ги презема одговорностите за трансферите во клубот откако Марина Грановскаја си замина.
Според шпекулациите Челзи веќе се договорил за Рахим Стерлинг околу личните услови и сега подготвува понуда помеѓу 50 и 60 милиони евра до Манчестер сити.
Англискиот репрезентативец изминатата сезона имаше мала минутажа кај Пеп Гвардиола па затоа посака да ја смени средината. Стерлинг сака да игра редовно со цел да биде во конкуренција за настап на Светското првенство во Катар.