Новак Ѓоковиќ е свесен дека засега се уште му се затворени вратите за влез во Њујорк, па поради тоа, нагласи дека ќе има уште поголема мотивација да го освои Вимблдон, турнир на кој може да ја освои единствената грен слем титула оваа сезона.
– Како што стојат работите, нема да можам да играм во Њујорк. Не знам дали тоа ќе се промени, но тоа ми дава дополнителен мотив да славам тука на Вимблдон. Имам дополнителна мотивација за најдобри игри, а потоа ќе видиме дали ќе се промени работата, – изјавил Новак на официјалниот прес пред 135-то издани на Вимблдон.
Ноле ќе ја брката седмата титула во Ол Ингланд клубот, а иако беше неизвесен, сепак Надал ќе биде еден од ривалите кои ќе му стојат на патот до посакуваниот трофеј и може со него да се сретне во финалето доколку двајцата ги оправдаат фаворитските улоги.
– Надал е неверојатен. Го оперираа минатата година, пропушти шест месеци и се врати со грен слем титула. Импресивно е тоа што го прави. Му симнувам капа. Рафа е неверојатен шампион, со спектакуларен натпреварувачки дух и мора да се почитува. Тој е мојот најголем ривал, но чувствувам само респект кон него, – потенцира Србинот.