Светската тениска сензација, 19-годишниот Шпанец Карлос Алкарас го потврди своето доаѓање на овогодинешното издание на Отвореното првенство на Хрватска во Умаг.

Алкарас ќе ја брани минатогодишната титула во Умаг, што беше негов прв АТП трофеј во кариерата. Момчето од Мурсија, пак, освои уште четири трофеи, од кои два се Мастерсот од серијата 1000.

„Благодарен сум што можам да ви кажам дека оваа година се враќам во Умаг од каде имам убави спомени. Се надевам дека ќе ја одбранам титулата и ќе се видиме таму“, рече Алкарас во официјалното соопштение на организаторите на единствениот хрватски АТП турнир , кок ќе се одржо од 22-31 јули.

Алкарас го започна својот метеорски подем на АТП турнејата во Умаг. Кога го освои турнирот минатата година, Алкарас беше на 73. место на АТП листата.

Десет месеци подоцна тој е на шестото место, откако минатата недела го освои вториот Мастерсот во Мадрид, победувајќи ги на патот до трофејот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, со што стана првиот тенисер на кој тоа му успеало на турнир на земјена подлога.

Според бројот на освоени бодови оваа година, само Надал е подобар од Алкарас. Благодарение на триумфот на Австралија опен и освојувањето на рекордниот 21. Грен слем, легендарниот Шпанец има само 70 бода повеќе од младиот сонародник кој води по бројот на освоени турнири во 2022 година.

Освен во Мадрид, Алкарас славеше и на Мастерсот во Мајами и на два турнири од серијата 500 во Рио де Жанеиро и Барселона.

„Многумина го гледаат како еден од главните фаворити на Ролан Гарос. Цврсто веруваме дека тој ќе напише уште подобра покана до сите љубители на тенисот во наредните недели за да дојде во Умаг на крајот на јули“, изјави директорот на турнирот Томислав Пољак.