Поразот во финалето на Купот не беше единствената тажна вест за навивачите на Јувентус во средата. Покрај тоа, беше објавено дека Џорџо Киелини го напушта клубот на крајот на сезоната .
Искусниот италијански стопер Џорџо Киелини набрзо откако објави дека се повлекува од националниот тим најави крај на уште едно големо поглавје во кариерата.
По поразот во финалето на Купот на Италија од Интер, 37-годишниот Киелини потврди дека го напушта Јувентус на крајот на сезоната и последен домашен натпревар во дресот на Бјанконерите ќе биде против Лацио во понеделник.
https://twitter.com/juventusfcen/status/1524523708903309317?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1524523708903309317%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F563146%2Fnogomet-italija%2Fkraj-jedne-ere-chiellini-potvrdio-odlazak-iz-juventusa-na-kraju-sezone%2F
„Им давам простор на помладите, нема да бидам тука следната сезона. Во понеделник ќе се збогувам со мојот стадион, а Фиорентина ќе биде мојот последен натпревар. Го поздравувам овој клуб чијшто ќе останам најголем навивач бидејќи Јуве секогаш ќе остане со мене“, изјави Киелини .
Киелини пристигна во Јувентус во 2004 година и беше дел од падот и подемот на клубот кој се издигна од срам со местење натпревари и пад во Серија Б до доминација во Италија и две финалиња во Лигата на шампионите.
Се уште не е потврдено дали тоа значи крај на неговата кариера или искусниот стопер ќе бара нова средина и предизвик.