Македонските екипи во Конференциската лига на УЕФА ги добија ривалите за првото квалификациско коло. Шкендија беше меѓу носителите и за ривал го доби ерменскиот тим Ноа.
Првиот меч ќе се игра во Ерменија, а реваншот е седум дена подоцна во Македонија.
Тиквеш ќе биде домаќин на првиот дуел, а за ривал го доби исландскиот тим Брејдаблик. Тоа е ривалот кој ја елиминира Струга ТЛ на патот кон групната фаза од ова натпреварување минатата сезона.
Првите натпревари се играат на 13 јули, а реваншите седум дена подоцна.