Станува збор за исклучително силен противник, кој во 1969 година победи во некогашниот Куп на куп победниците, а кој 22 пати беше шампион на Словачка и 17 пати освојувач на куп-натпреварувањето.
Првиот меч ќе се одигра на 9/10 јули во Братислава, а реваншот е седум дена подоцна на теренот на македонскиот првак. Поразениот од овој дуел ќе продолжи во 2.коло од квалификациите во Конференциската лига.